Валути е апликација која им овозможува на iPhone и iPod Touch корисниците брз и едноставен преглед на официјалната курсна листа. Покрај курсната листа, на располагање добиваш и менувачница за лесно претворање помеѓу македонскиот денар и дадените валути.

Со самото отворање на апликацијата достапни се средните курсеви на десетте различни валути кои официјално ги објавува НБРМ. Без непотребни посети на различни сајтови, без непотребно гуглање, пребарување низ екранот, скролање горе долу и без непотребно зумирање/одзумирање, Валути ти нуди брз и едноставен преглед со само едно притискање.
Менувачницата овозможува најбрз и наједноставен начин за претворање произволна количина од една помеѓу валутите во денари и обратно.


(Eng)
Valuti(Rates) is simple to use and very handy app if you are interested in the current exchange rates, regarding the Macedonian Denar. The app uses the current rates as officially announced by the National Bank of the Republic of Macedonia. In addition we have made a very easy to use exchange calculator that enables you to enter specific amount and calculate the results from the selected currency to denars and vice versa.